Американскиот актер, Роберт Дауни Џуниор, кој последниве неколку години е најпознат по својата улога на супер херојот Iron man во истоимениот филм и во неколку други спин-оф продолженија, најави дека размислува да се откаже од толкувањето на тој лик, пред луѓето да се презаситат од него.
- Сите ми велат дека оваа улога „ми легна“ совршено, но секогаш морам да ја почнам работата од самиот почеток... А, тоа некако се врти во круг, изјави Дауни.
Инаку, актерот повторно ќе го видиме во софистицираниот железен костим уште оваа година во филмот „Spiderman Homecoming“, како и во третиот дел на „Avengers “, кој се уште се снима.