„Спајдермен" за само еден викенд заработи 117 милиони долари

Новиот филм за човекот пајак, „Спајдермен: Враќање дома" ги надмина очекувањата околу заработката, па за само два дена собра 117 милиони долари на своето конто викендов низ кината во САД.

Последниот филм, чијашто премиера се случи на 7 јули, беше своевиден тест за американските продуценти, оти публиката се повеќе покажува „замор" од продолженијата на истите веќе познати приказни.

- Ова е победничко враќање на Спајдермен, нагласи неименуван претставник на продуцентската куќа Сони.

Петте филмови за човекот пајак издадени помеѓу 2002 и 2014 година, заработија околу четири милијарди долари. Тоа го чини овој стрип јунак најпрофитабилен во стрип историјата, веднаш по Бетмен.

Главната улога во новиот филм ја толкува британскиот актер Том Холанд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...