Филмот „Saw“ се надмина со најновиот трејлер за осмото продолжение.
Во „Jigsaw“ ќе се најдат петмина кои ќе се борат да избегаат од убиецот, кој ќе им поставува секакви стапици. Ќе бидат закотвени со синџири за глава, ќе им фрла игли и секакви секачи.
- Имаме некои луди стапици во филмот. Одличен е за Ноќта на вештерките, изјави режисерот Питер Спериг.
Питер го направи филмот заедно со брат му Мајкл, кои заедно работеа и на „Daybreakers“ и „Predestination“. „Saw 8: Jigsaw“ премиерно ќе биде прикажан на 27 октомври.