Нема сечење вени: Крег повторно во улогата на Бонд?

Прашањето дали Даниел Крег уште еднаш ќе се појави во улогата на тајниот агент 007 изгледа дека конечно доби одговор.

Еон продукцијата, која што е задолжена за филмот, објави дека 25-от Бонд филм ќе ја има својата премиера на 8-ми ноември, 2019-та, што значи дека се финализирани и последните детали околу снимањето.

Според New York Times, Крег повторно ќе се најде во улогата на Џејмс Бонд и покрај тоа што по завршувањето на последниот филм изјави дека попрво би си ги исекол вените отколку да ја репризира улогата.

Во изминатиот период се шпекулираше со многу имиња кои би можеле да го заменат Даниел, меѓу кои и Идриз Елба и Том Хидлстон. Сепак, после последните информации, замената ќе мора да почека.

Продукцијата направи сè во своја моќ да го врати Крег во ликот на Бонд, поради тоа што актерот му даде пореалистичен и приземјен изглед на тајниот агент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...