Ако сте фан на трилер драма со хорор моменти, тогаш филмот „Mother!“ е вистинскиот избор за вас.
Во филмот главните улоги ги толкуваат Џенифер Лоренс и Хавиер Бардем, кои живеат мирен фамилијарен живот.
Но, работите се менуваат како што тие се селат во нов дом. Од трејлерот за филмот не можеме да сфатиме што точно се случува, но работите дефинитивно ќе излезат од контрола.
Филмот е под режисерска палка на Дарен Аронофски, режисерот на „Requiem for a dream“ и „Black swan“. Со оглед на неговите претходни дела, „Mother!“ ќе биде уште едно дело со мошне запрепастувачки моменти.