Актерот Кристијан Бејл, познат по големите промени на телесната тежина поради улогите, со неговиот изглед повторно ја шокираше јавноста.
Последниот актерски предизвик на Бејл е улогата на поранешниот американски потпретседател Дик Чејни во претстојниот биографски филм.
Поради улогата тој мораше да добие на тежина, а тоа очигледно му појде од рака. Актерот е сликан при прошетка низ Лос Анџелес со кратка војничка фризура и десет килограми повеќе.
Негова најпозната телесна трансформација беше за филмот „Машинист“ во 2004 година, кога за улогата дојде до телесна тежина од 58 килограми.