Сара Џесика Паркер потврди дека нема да има снимање за „Сексот и Градот 3“.
-Готово е... не го правиме филмот. Разочарана сум. Имавме толку убаво и смешно сценарио. Жал ми е што нема да го покажеме пред публиката која толку долго го чекаше.
Филмот е откажан поради Ким Катрал поради тоа што и беа поважни филмовите и сценаријата на кои таа претходно работела на нив и сакала да се реализираат пред да се снима третиот дел на Сексот и градот.
-Франшизата ја направи Ким онаа која што денес е. Продолжуваше да одложува и на крај не беше достапна кога требаше да даде одговор, вели близок извор до продукцијата.
Според Warner Bros студиото не било фер да се продолжи со снимањето на филмот само со 3 од 4-те ликови, па затоа проектот е откажан.