Бијонсе на својата официјална Facebook страница објави дека ја прифаќа улогата како Нала во „Кралот Лав“.
На фотографијата се објавени сите имиња од артистите кои ќе бидат дел од истоимениот филм.
На почетокот на оваа година се ширеа гласини дека Бијонсе можеби ќе биде дел од проектот, но досега немаше никаква потврда од славната пејачка.
Ќе бидат позајмени гласовите на Donald Glover како Симба, James Earl Jones како Муфаса, Chiwetel Ejiofor како Скар, Billy Eichner како Тимон и Seth Rogen како Пумба.
-Сонот на секој продуцент е да го има совршениот тим за да може да ја оживее оваа класична приказна, рече продуцентот Jon Favreau.
Премиерата е закажана за 19-ти јули 2019 година.