Откако „Justice League“ излезе низ кината ширум светот на 17-ти овој месец, стана предмет на исмевање кај филмските обожаватели.
Имено, Хенри Кавил истовремено имал склучено договор за снимање на „Невозможна мисија“ и на „Justice League“
Хенри во „Невозможна мисија“ е обврзан да не ги бричи мустаќите, додека пак во „Justice League“ од него се бара да биде комплетно избричен глумејќи ја улогата на Супермен.
Поради ова, пост продукцијата на „Justice League“ мораше да користи специјални ефекти за да ги тргне мустаќите, кои пак беа толку очигледни што предизвикаа бурни реакции кај твитерџиите.
Погледнете неколку од нив: