Хорор филмовите не се наменети за сите гледачи и не секој може да ги догледа сите сцени во нив.
Сепак, доколку сте нивен голем обожавател и сакате да погледнете доволно страшни сцени кои би го кренале вашиот адреналин сигурно со нетрпение ќе ја очекувате премиерата на Slеnder Man.
Дури и самиот трејлер, кој го најавува делува навистина морничаво, а филмот раскажува за невообичаено висока и слаба фигура со неприродно долги раце која е одговорна за ловењето и исчезнувањето на голем број деца и тинејџери.
Слендермен ќе го глуми Хавиер Боте, кој се појавува во низа други хорор филмови, меѓу кој и во The Conjuring 2.
Премиерата на Slender Man е закажана за 18 мај оваа година.