Романтични филмови кои се како создадени за Денот на вљубенитe

Романтичен филм за Денот на вљубените е секогаш полн погодок. Доколку не може да најдете место плус во рестораните или едноставно сакате тој ден да го поминете во поинтимна атмосфера насамо со својот партнер избегнувајќи ги гужвите кои ќе настанат ова е совршен начин за да го сторите тоа.

Потребни ќе ви бидат само неколку свеќи, затемнување на просторијата и избор на филм кој ќе ве натера да ги покажете сите ваши емоции.

Но, кој е најдобриот филм што треба да го изберете за таа вечер? Еве неколку предлози.

10 Things I Hate About You



Филмот започнува со Камерон Џејмс. Тој се заљубува во Бјанка и сака да излезе на состанок со неа. Во целата приказна постои ултиматум. Таткото на Бјанка не дава таа да се состанува со момчиња, додека нејзината постара сестра, Катерина не го направи тоа. Катерина е бунтовна девојка за која сите мислат дека нема со никој да излезе на состанок. Сепак, во потрага по партнер за неа Камерон наидува на еден тип кој за одредена сума пари би пробал да направи таа да посака да излезе со него. Работите тргнуваат во спротивна насока кога Катерина и лажниот додворувач ќе се вљубат еден во друг, а таа ќе дознае дека тој тоа го направил за пари.

Eternal Sunshine Of The Spotless Mind



Сите сме имале некоја љубовна приказна поради која сме посакале бришење на нашата меморија. Оваа приказна говори токму за ова, но и покажува што се случува после тоа.
Откако скоро сите спомени му се бришат од главата на главниот лик Џоел, тој посакува последните три да ги зачува за да има барем сеќавање на својата голема љубов со Клементина. И покрај сите напори, останува со само едно од нив. На нивната повторна средба и двајцата реагираат со шок и збунетост, но освен тоа меѓу нив се јавува и желба за повторно обновување на врската.

If Only



Што ако не знаете што имате покрај себе сè до моментот кога ќе го снема? А, што ќе направите кога ви е пружена втора шанса да го сакате доволно оној кој веќе сте го изгубиле?
Приказна која покажува колку е важно во секоја дадена секунда да му покажете на оној кој ви значи колку љубов имате за него, без разлика на обврските кои ги имате. Саманта е лута на Иан кој ја третира како втор приоритет, а во обид да избега од него се качува во такси кое прави сообраќајка и умира пред очите на нејзиниот сакан. Со новиот ден Иан добива шанса да ја исправи направената грешка. Дали ќе успее?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...