„УСПЕХ“ прва HBO серија во нашиот регион

HBO со гордост ја најавува серијата „УСПЕХ“ - прва серија од оригиналната продукција на HBO во нашиот регион и во режија на Данис Тановиќ.

Сценариото за серијата „УСПЕХ“ во шест продолежнија е на Марјан Алчевски кој е еден од победниците на HBO Adria „First Draft“ натпреварот.

„УСПЕХ“ е повеќеслојна драма фокусирана на силни ликови. Тројца луѓе кои не се познаваат ќе ги поврзе несреќен редослед на настани во моментот кога ќе се обидат да помогнат на една жртва на насилство. Со оглед дека последиците од нивните дела започнуваат да се вовлекуваат во секој аспект од нивните животи, тие обични луѓе со различно потекло одлучуваат повторно да воспостават контрола врз своите животи. Станува збор за горчлива ода на градот Загреб која донесува мрачен увид во различните структури на денешното општество претставен низ животните приказни на обични луѓе кои друштвото ги довело до работ. Иако на прво поглед е повеќе загрепска серија, ова е универзална приказна во која преку љубовта, работата, преданоста, несигурноста и злосторството ги истражуваме чувствата на фрустрација, беспомошност и пасивност во секојдневниот живот на обичниот човек во регионот и пошироко.

„УСПЕХ“ ќе се снима под диригентска палка на Данис Тановиќ. Ова е првпат Тановиќ да работи на режија на серија. Данис Тановиќ е босанско-херцеговски режисер, сценарист и продуцент која живее и работи во Сараево. Ги режирал наградените филмови „Смрт во Сараево“, „Епизода во животот на собирачот на железо“, а неговиот дебитантски филм „Ничија земја“ (No Man's Land), каде се јавува како сценарист и режисер, освои „Оскар“ и „Златен глобус“ за најдобар странски филм во 2001 година.

-Веќе долго време добивам материјали и понуди за снимање на серии за кои во моментов сметам дека се поинтересни и поинвентивни од играните филмови, но ниту една не ме заинтригирала досега. Сценариото на Мартин Алчевски е напишано сјајно и навистина ми е мило што HBO го препозна квалитетот и ми понуди соработка, вели режисерот Данис Тановиќ.

Продуценти на серијата се Ана Балентовиќ (HBO Adria) и Џонатан Јанг (HBO Europe), додека продукцијата на серијата „УСПЕХ“ е доверена на продуцентската куќа „Други план“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...