Како познатите дестинации од филмовите изгледаат во живо?

Филмската „магија“ може да ги претвори сосема обичните локации во магични, нереални и фантастични места, а поголемиот дел од нив може да се посетат и во живо.

Еве дел од филмските хитови и локациите каде се снимани:


1) Гладијатор - Ајт Бен Хаду, Мароко

Ајт Бен Хаду е прогласен за Светско наследство на UNESCO во 1987 и се наоѓа во Мароко, помеѓу Маракеш и пустината Сахара. Покрај сцени од филмот „Гладијатор“, тука се снимани и сцени од серијата „Игра на Троновите“ (каде го „глумел“ градот Јункаи), како и филмот „Мумија“.

2) Лавиринтот на Пан – Белчит, Шпанија

Шпанскиот град Белчит бил уништен во шпанската граѓанска војна и во таква состојба е оставен како спомен на војната од 1938-ма. Во филмот „Лавиринтот на Пан“ каде граѓанската војна е дел од приказната, тој служи како илустрација на Шпанија во 1940-тите.

3) Големиот хотел Будимпешта – стоковна куќа Горлиц, Германија

Додека поголемиот дел од филмот е снимен со помош на минијатури, атриумот на стоковната куќа Горлиц бил користен како фоаје на хотелот.

Таа била одбрана бидејќи била една од ретките згради во овој стил кои ја преживеале Втората светска војна. 

4) Пиратите од Карибите: Проклетството на црниот бисер – Пети Табак, Кариби

Островот на кој што се наоѓаат ликовите од овој филм, Џек Спероу и Елизабет, е Пети Табак (на француски „малечок тутун“) на Карибите, кој е отворен за јавноста и до кој лесно се стига со брод.

5) Војна на Ѕвездите (Будење на Силата и Последниот Џедај) – Скелиг Мајкл, Ирска

Островот Скелиг Мајкл во Ирска може да се види во двата последни дела на Војна на Ѕвездите како локацијата на Лук Скајвокер, а на него се наоѓаат остатоци од антички манастир до кој се стигнува со искачување на 618 скалила.

Островот е уште едно Светско наследство на UNESCO, а до него се стигнува со брод кој во зависност од временските услови, патува 45 минути до 2 часа.

6) Серијалот X-Men, Deadpool – Royal Roads универзитет

Домот на мутантите од серијалот X-Men, поточно школата за надарени млади на професорот Ксавиер е всушност дел од универзитетот Британска Колумбија наречен Royal Roads (кралски патишта).

7) Господар на прстените и Хобит – Хобитон, Нов Зеланд

„Округот“ (Шаер) е домот на Хобитите во серијалот филмови „Господар на Прстените“ и „Хобит“, а се наоѓа во местото наречено Хобитон во Нов Зеланд, кое е всушност фарма на фамилијата Александар. Комплексот се наоѓа на површина од 12 акри и може да се посети со некоја од многубројните организирани тури.

8) Марсовец – пустината Вади Рум, Јордан

Пустината Вади Рум („Песочна долина“ на арапски) е замена за површината на Марс во вселенскиот трилер „Марсовец“ од 2015, каде ликот на Мет Дејмон ги глуми скоро сите сцени во филмот.

Пустината го „глумела“ Марс во уште неколку научно фантастични филмови („Црвената Планета“ и „Последните денови на Марс“)

9) Лудиот Макс: Пат на бесот – Намибската пустина

Пост-апокалиптичниот свет на филмот е оживеан со помош на Намибиската пустина, која е најстара во светот – 55 милиони години.

10) Серијалот Хари Потер – замокот Алнвик, Обединето Кралство

Замокот Алнвик е локацијата на Хогвартс од Хари Потер филмовите, кој најмногу може да се види во деловите „Каменот на мудроста“ и „Одајата на тајните“.

Иако поголемиот дел од екстериерот на Хогвартс во филмовите е базиран на модели изградени за потребите на снимањето, повеќето сцени каде тој е прикажан од блиску се снимени во Алнвик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...