Најголемиот фаворит за Oскар е плагијат?

„The shape of water“ е фаворитот во борбата за овогодинешниот Oскар за најдобар филм, но тој сега се соочува со тужба за плагијат.



Во тужбата се наведува дека неговиот фантастичен заплет во кој е опишана романтичната врска на чистачката и таинствениот речен створ е преземен од една американска театарска претстава.

Тужбата е поднесена од страна на синот на Паул Зиндел во федералниот суд во Лос Анџелес и во неа се обвинуваат режисерот Гиљермо дел Торо, продуцентот Даниел Краус и филмското студио Fox Serchlight за дрско препишување на приказната, елементите, ликовите и темата од претставата на покојниот Паул Зиндел, Let me hear your whisper.

Во тужбата се наведени скоро 60 сличности помеѓу претставата и филмот, а обвинетите не ја побарале вообичаената дозвола за правата на Зинделовата претстава, ниту пак го навеле како автор.



Филмското студио Fox Serchlight ги негираше тврдењата како неосновани и потполно безвредни.
Во соопштението наведува дека тужбата изгледа како темпирана за да дојде до судир со гласањето за Оскар и да се изврши притисок на студиото, но тоа нема да се случи бидејќи енергично ќе биде извршена одбрана како за себе, така и за иновативниот и оригиналниот филм.

„The shape of water“ е веќе добитник на Златен глобус за најдобар филм и други многубројни награди од страна на филмските критичари во САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...