Обожавателите на оригиналниот филм за Мери Попинс беа изненадени кога за време на Оскарите се појави првиот трејлер за неговото продолжение.
Тие беа воодушевени бидејќи нивните очекувања беа потполно задоволени.
Продолжението следува 54 години по оригиналниот филм, а главната улога во него ја има актерката Емили Блант.
На самиот крај од трејлерот се појавува Мери Попинс која се враќа во Лондон после 25 години.
Првата верзија на филмот за дадилката со волшебна моќ беше номинирана за 13 Оскар награди, а се закити со пет.
Се очекува да се достигне поголем успех и за вториот дел.