Познати парови кои се заљубиле во текот на снимањето

Работното место може да се вброи во средините во кои може да се развијат големите љубовни врски. Не ретко може да слушнеме дека главните ликови во филмовите и во реалноста се заедно.

Еве дел од паровите кои љубовта ја искусиле за време на снимање на филмска сцена, дел од нив повеќе не се заедно, но не може да се рече дека не доживеале голема љубов:

Vicky Cristina Barcelona

Пенелопе Круз и Хавиер Бардем во овој филм глумеа мошне необичен пар. Огнометот на страста од филмот се префрли и во нивната реалност, а во 2010  година се претвори во цврст брак од кој ги добија ќерката Луна и синот Лео.

Cruel Intentions

За време на снимањето на филмот во 1999 година,  љубовта помеѓу Риз Витерспун и Рајан Филип се повеќе растеше. Истата година тие и се венчаа, но се разведоа по 8 години. Од бракот имаат две деца, ќерка и син.

Mr. & Mrs. Smith

Нема некој кој не знае дека Бранџелина се спои за време на снимањето на овој филм. Нивната љубов нити почна нити заврши како бајка. На почетокот Бред Пит ја изневеруваше Џенифер Анистон со Анџелина Џоли, а подоцна и се разведе со неа за да ја ожени својата нова избраничка. Сепак, нивниот брак траеше до 2016 година.


Days of Thunder

Том Круз бил воодушевен од Никол Кидман токму на снимањето на овој филм. Тие се венчаа во 1990 година, а во бракот посвоија 2 деца. Нивниот развод се случи во 2001 година.

Gigli

Џенифер Лопез и Бен Афлек се заљубија еден во друг додека ги глумеа главните улоги во овој филм. Подоцна решија да направат свршувачка, но нивната венчавка беше откажана од страна на Бен во 2004 година. Лопез тогаш изјави дека се чувствува како некој да и го извадил срцето од градите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...