Ексклузивна премиера на втората сезона на „Westworld“

Home Box Office, водечката телевизиска мрежа, со гордост ја најавува премиерата на втората сезона на серијата Вестворлд (Westworld)  наградена со „Еми“ која преку видео услугата на барање HBO GO ќе биде достапна од 23. април. Нови епизоди во понудата ќе бидат достапни секој понеделник.

На HBO каналот премиерата ќе биде на 23. април во 20:00 часот, додека по една нова епизода ќе се емитува секој понеделник.

Живејте без граници во светот каде што секој човечки апетит може да се задоволи. Од извршните продуценти Лиса Џој, Џонатан Нолан и Џ.Џ.Абрамс пристигнува оваа мрачна авантура за вештачката интелигенција и еволуцијата на гревот.

„Вестворлд“ е амбициозна и имагинативна драмска серија за концептот на авантурата и барањето возбуда на ново и многу опасно ниво. Во футуристичкиот парк за фантазии, познат како Вестворлд, една група од андроиди застранува од програмата и се однесува вознемирувачки. Серијата е инспирирана од филмот од 1973 година, според сценарио и режија на Мајкл Кричтон („Паркот Јура“).

Првата сезона на „Вестворлд“ на HBO имаше премиера во октомври 2016 година и стана најгледана нова серија во историјата на HBO. На доделувањето на „Еми“ наградите минатата година серијата имаше дури 22 номинации, а освои 5 награди.

Режисерот Џонатан Нолан беше номиниран и за награда од Асоцијацијата на режисери за финалето на првата сезона, додека Нолан и Лиса Џој беа номинирани за награда и од страна на Американската асоцијација на сценаристи.

Во втората сезона, која ќе има десет епизоди, повторно ќе се појават: Еван Рејчел Вуд, Танди Њутон, Ед Харис, Џефри Рајт, Џејмс Марсден, Теса Томпсон, Ингрид Болсо Бердал, Клифтон Колинс Јуниор, Лук Хемсворт, Луис Хертум, Сајмон Квартермен, Талула Рајли, Родриго Санторо, Ангела Сарафјан, Шенон Вудвард, Бен Барнс, Џими Симспон, Леонардо Нам и Птолеми Слокум.

Во новата сезона ќе им се придружат и: Фарес Фарес, Катја Херберс, Густаф Скарсгард, Хиројуки Санада, Питер Мулан, Ринко Кикучи, Зан Мекларнон, Тао Окамото, Бети Габриел, Џонатан Такер, Џулија Џоунс и Кики Сукезане.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...