Ексклузивна премиера на 2-та сезона на „Приказната на робинката“

Home Box Office, водечката телевизиска мрежа, со ја најавува премиерата на втората сезона на серијата „Приказната на робинката“ (The Handmaid's Tale). Првите две епизоди, преку видео услугата на барање HBO GO ќе бидат достапни од 26. април. Нови епизоди во понудата ќе бидат достапни секој четврток.

На HBO каналот премиерата ќе биде на 25. мај во 20:00 часот, додека по една нова епизода ќе се емитува секој петок.

Адаптирана според класичниот роман на Маргарет Етвуд, „Приказната на робинката“ е приказна за животот во дистопичната држава Гилед, која е тоталитарно општество во поранешните САД. Соочувајќи се со еколошки катастрофи и со намален наталитет, во Гилед владее изопачен фундаментализам со милитаристички став за „враќање кон традиционалните вредности“. Како една од малкуте преостанати плодни жени, Фредова (Елизабед Мос) е робинка во куќата на Командантот, припаѓајќи на кастата жени кои се присилени да бидат сексуални робинки за последниот очајнички обид повторно да се насели светот.

Оваа драма, наградена со „Еми“ и „Златен глобус“, се враќа со втората сезона во која сме сведоци на бременоста на Фредова и нејзината истрајна борба за ослободувања на нејзиното бебе од дистописките ужаси на Гилед. „Гилед е во тебе“ – е омилената реченица на тетка Лидија. Во втората сезона, Фредова и сите други ликови ќе се борат против оваа мрачна вистина. Или можеби ќе ѝ се препуштат.

Во новата сезона во главните улоги ќе ги гледаме: Елизабет Мос, Џозеф Фајнс, Ивон Страховски, Самира Вајли, Макс Мингела, Ен Дауд, Алексис Бледел, Медлин Бруер и О.Т. Фагбенл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...