Ексклузивна премиера на филмот „Фаренхајт 451“

Home Box Office, водечката премиум телевизиска мрежа, со гордост ја најавува премиерата на филмот „Фаренхајт 451“ (Fahrenheit 451) кој преку HBO GO услугата на видео на барање ќе биде достапен од 20. мај. Премиерата на HBO каналот ќе биде истиот ден во 20:00 часот.



Мајкл Б. Џордан и Мајкл Шенон играат во филмот „Фаренхајт 451“ на HBO. Тоа е современа адаптација на класичниот роман на Бредбери, прикажувајќи иднина каде што медиумите се дрога, историјата се препишува и се горат книги. Џордан го игра младиот горач на книги Гај Монтаг во неговата улога како спроведувач на законот. Тој се бори со својот ментор, капетанот Бити (Шенон), и се обидува да ја поврати својата човечност во овој свет. Софија Бутела ја игра Кларис, агентка која е заробена помеѓу интересите на Монтаг и Бети. Во филмот игра и Лили Синг, која ја игра новинарката по име Рејвед, чија задача е да шири пропаганда и да известува за горењата на книги.

„Од секогаш сум го сакал овој пророчки роман на Реј Бредбери. Пред две години, додека го набљудував светот околу мене, помислив дека е идеално време да се направи современа интерпретација на романот. Му благодарам на HBO што ми помогна да ја реализирам мојата визија за овој филм и да го претставам пред публиката со помош на овие неверојатни актери.“ – изјави режисерот на филмот Рамин Бахрани кој во исто време е и сценарист заедно со Амир Надери.

За режисерот

Рамин Бахрани е американски режисери и сценарист. Неговите два претходни филма, „99 домови“ (99 Homes) и „По секоја цена“ (At Any Price) се номинирани за Златен лав во Венеција. Други негови познати остварувања се филмовите: „Пластична кеса“ (Plastic Bag), „Збогум Соло“ (Goodbye Solo), „Работилница“ (Chop Shop) и „Човекот со количка“ (Man Push Cart). Професор е на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк каде предава филмска режија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...