4 нови серии на HBO GO на почетокот на јуни

Почетокот на јуни донесува четири различни нови серии на HBO GO за кои веруваме дека ќе допрат до различните вкусови на гледачите. Започнуваме со возбудливи детективски приказни во серијата „Детектив Страјк“, продолжуваме со интригите на семејството Рој во „Следоред“, а завршуваме со детските незгоди на нашиот омилен бубалица Шелдон Купер во серијата „Младиот Шелдон“ и сомнителните случувања во еден фризерски салон на Флорида каде се одвива дејството во серијата „Канџи“. Искористете ги долгите, топли денови за да уживате во новите ТВ авантури!

Детектив Страјк (C.B. Strike)

Ц. Б. Страјк е фасцинантна драмска серија врз основа на бестселер криминалистичките романи од авторката на романите за Хари Потер, Џ. К. Роулинг, што ги напиша под псевдонимот Роберт Галбрајт. Приказната се фокусира на Корморан Страјк (Том Бурк) кој изгубил дел од десната нога во Авганистан додека служел во армијата, па се вратил од војната за да основа приватна детективска компанија која работи во една мала канцеларија во лондонската ул. „Данска“. Иако е ранет и физички и психички, инстинктите на Страјк и неговото искуство како воено-полициски детектив се покажуваат како клучни за решавање на три сложени случаи што не успеала да ги реши полицијата.

Сите седум епизоди на серијата „Детектив Страјк“ доаѓаат на HBO GO од 1. јуни, додека премиерата на Cinemax каналот е закажана за 2. јуни во 20:50 часот.

Младиот Шелдон (Young Sheldon)

Растењето во Источен Тексас не му е лесно на 9-годишниот Шелдон Купер. Тој е ретко надарен за математика и наука, што не е секогаш од корист во земја каде што црквата и американскиот фудбал се главни. И додека ранливиот, надарен и малку наивен Шелдон се справува со светот, неговото нормално семејство мора да најде начин да се справи со него. Татко му Џорџ се обидува да се снајде како средношколски фудбалски тренер, но и како татко на момче што не го разбира. Мајката на Шелдон, Мери, е многу заштитнички настроена кон својот син, во град каде што тој едноставно не се вклопува. Постариот брат на Шелдон, Џорџи, прави сѐ што може во училиштето, но тешко е да е биде кул кога учиш во ист клас со твојот чуден 9-годишен брат. На крајот, тука е и сестрата близначка на Шелдон, Миси, која понекогаш го мрази целото внимание што го добива Шелдон, но е и единствената што може да му ја каже вистината на Шелдон. По 10 години во „Теоријата на биг-бенг“, публиката го запозна ексцентричниот и необичен Шелдон Купер. Оваа хумористична серија ни дава можност да го запознаеме во детството кога се обликувал како човек.

Првата сезона ќе биде достапна на HBO GO од 1. јуни, а втората сезона наесен.

Следоред (Succession)



Семејството Рој, Логан Рој и неговите четири деца, го контролира еден од најголемите медиумски конгломерати во светот. „Следоред“ ги следи нивните животи додека размислуваат каква ќе биде нивната иднина откако ќе се повлече нивниот остарен татко од компанијата. „Следоред“ се одвива во Њујорк и ја обработува тематиката на моќта, политиката, парите и семејството. Моќниот но остарен татко Логан Рој го предводи медиумскиот конгломерат „Вејстар Ројко“. Тој е женет со својата трета сопруга Марша, која му е верна партнерка. Кендал Рој, најстариот син на Логан од неговиот втор брак, моментално е претседател во компанијата и е очигледен наследник. Роман Рој, помладиот брат на Кендал, е синот на Логан кој сака да се забавува и повеќе не работи во „Вејстар“. Сиобан (Сив) Рој, единствената ќерка на Логан и најмало дете во семејството, си гради кариера во политиката. Конор Реј, најстариот син на Логан и единствено дете од неговиот прв брак, води независен живот во Ново Мексико. Се зголемува напнатоста кога роденденот на Логан се претвора во борба за моќ помеѓу таткото и синот и помеѓу синовите и ќерките. Децата на Рој се соочуваат со тежок избор во целата таа битка.

„Следоред“ станува достапна во понудата на HBO GO од 4. јуни, додека премиерата HBO каналот ќе се емитува истиот ден во 21 часот.

Канџи (Claws)

„Канџи“ се одвива во еден салон за маникир на Флорида и претставува мрачно-смешна приказна за женската лошотија, прикажувајќи пет маникирки во еден салон за убавина, каде што се случуваат многу повеќе работи од обична козметика. Во средиштето на салонот е сопственичката Десна, која живее со својот ментално болен брат близнак Дин и се грижи за него. Меѓу персоналот на Десна се нејзината најдобра пријателка Џенифер, поранешна журкаџика која одгледува две деца од претходните врски, тивката Ен, таинствената шоферка на Десна, која исто така се грижи и за безбедноста во салонот, мирната чирачка Поли, која била во затвор за кражба на идентитет, како и Вирџинија, која не крие дека на работа ѝ е здодевно. Дополнителен хаос во салонот создаваат Ролер, кој води полулегална клиника, а го користи салонот на Десна за перење на безобразно високите профити, Брајс, сопругот на Џенифер, кој исто така е тазе трезен и се обидува легално да работи, д-р Кен Брикман, лекар во една нелегална клиника за лекување од дрога, како и вујко Деди, опасен мафијаш, кој е посветен католик и активен бисексуалец.

Првата сезона ќе биде достапна на HBO GO од 4. јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...