Ејми Адамс како новинарка во HBO серијата „Sharp Objects“

Ејми Адамс наскоро пристигнува на малите екрани со главната улога во драмската серија „Остри предмети“ (Sharp Objects) која се базира на истоимениот бестселер на Џилијан Флин. Премирата на оваа HBO серија во осум продолженија ќе биде на 9. јули во 20:00 часот на HBO каналот, а првата епизода ќе биде достапна истиот ден и преку услугата HBO GO.



Новинарката Камил Прекер (Ејми Адамс) се враќа во својот роден град за да известува за убиствата на две мали девојчиња. Обидувајќи се да поврзе една психолошка загатка од своето минато, таа почнува премногу да се идентификува со жртвите. Потоа доаѓа во судир со својата мајка Адора која ја игра Патриша Кларксон и полека започнува да се враќа на своите самодеструктивни навики. Дополнителна причина за грижа претставува нејзината полусестра Ама која тајно води двоен живот.

За Ејми Адамс ова е прва главна улога во серија по пет номинации за „Оскар“ за филмовите „Американска измама“ (American Hustle), „Мастер“ (The Master), „The Fighter“, „Сомнеж“ (Doubt) и „Junebug“, и два освоени Златни глобуси за „Американска измама“ и „Големи очи“ (Big Eyes). Покрај Патриша Кларксон, во серија ќе ги гледаме и Елиза Сканлен во улогата на Ама, Крис Месина како детектив Ричард Вилис, Елизабет Перкинс во улогата на Џеки Онил, Мет Крејвен како началник на полицијата и Мигел Сандовал во улога на уредник на Камила.

Креаторка на серијата е Марти Ноксон, а сите осум продолженија ги режираше Жан Марк Вале познат по својата работа на наградуваната HBO серија „Големи мали лаги“ (Big Little Lies). Жан Марк Вале, Џилијан Флин и Ејми Адамс се извршни продуценти на серијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...