Премиера на серијата Castle Rock од продуцентите Стивен Кинг и Џ.Џ. Абрамс

Гледачите ќе имаат можност да бидат дел од страшниот свет на писателот на бестселери Стивен Кинг во новата серија со десет продолженија „Кесл Рок“ (Castle Rock) која ќе има премиера на 2. август на HBO GO кога ќе станат достапни првите четири епизоди.

Потоа, по една нова епизода ќе доаѓа секој четврток во понудата. Премиерата на HBO 3 каналот ќе биде на 26. август.



Комбинирајќи ги митолошките мотиви и интимните приказни на ликовите од најпопуларните романи на Стивен Кинг, серијата претставува сага за темнината и светлината која се одигрува на неколку квадратни километри во шума во американската сојузна држава Мејн.

Измисленото гратче Кесл Рок има значајно место во литературниот опус на Кинг: дејствието во романите „Куџо“ (Cujo), „Темната половина“ (The Dark Half), „Тоа“ (IT) и „Неопходни работи“ (Needful Things), како и во новелата „Тело“ (The Body) и бројните кратки приказни како што се „Рита Хејворт и бегството од Шошенк“ (Rita Hayworth and The Shawshank Redemption) е или сместено во Кесл Рок или на некој начин е поврзано со тоа гратче.



„Кесл Рок“ е уникатна психолошка хорор серија и прво вакво истражување на световите на Кинг која се базира на култните приказни на Кинг кои ги обожуваат читателите низ целиот свет.

Во главните улоги ќе ги гледаме: Андре Холанд („Месечина“, „Селма“, „42“), Мелани Лински („Заедништво“, „Во воздухот“), Бил Скарсгард („Toа“, „Атомска блондинка“), Џејн Леви („Чистилиште во предградието“, „Бесрамници“) и Сиси Спејсек („Кери“, „Ќерката на рударот“). Во улогата на актер гостин ќе го гледаме Скот Глен („Преостанати“).

Серијата е во продукција на Џ. Џ. Абрамс и неговата продуцентска куќа „Bad Robot Productions“ во соработка со „Warner Bros. Television“. Сем Шо и Дастин Томасон го развија ТВ проектот и се извршни продуценти заедно со Џ. Џ. Абрамс, Стивен Кинг, Бен Стивенсон, Марк Лаферти и Лиз Глоцер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...