Роберт Редфорд ја завршува актерската кариера

Познатиот американски актер Роберт Редфорд (81) најави дека ја напушта актерската кариера и дека неговиот филм „Старецот и пиштолот“ најверојатно ќе биде неговата последна улога.



Во интервју за „Ентертејмент Викли“, тој рече дека размислува за пензија, бидејќи се уморил од глумење. Редфорд, кој овој месец полни 82 години, вели дека глуми од својата 21 година.

- Си помислив, па тоа е доволно... Никогаш не вели никогаш, но речиси сум сигурен дека е готово што се однесува до моето глумење, додава холивудската ѕвезда.

Во неговиот последен филм тој го глуми Форест Такер, вистинска личност, осуденик кој се фалел дека е поуспешен во бегање од Хари Худини. Филмот треба да се појави во киносалите на 28 септември.

На прашањето дали и неговите режисерски денови се завршени, Редфорд резервирано одговорил: Допрва ќе видиме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...