ФХ3Х дел од ефектите на „Мег“ - ајкулата чудовиште

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „МЕГ“, кој од утревечер ќе почне да се прикажува во Скопје.



Филмот е снимен според новелата „Мег: Новела на длабок терор“ на Стив Алтен, кој пак бил инспириран од приказната за гребенот Мариана во Пацификот. Дејството на филмот е лоцирано токму во овој гребен, кој со своите повеќе од десет илјади километри, е најдлабокиот кој му е познат на човештвото. Од длабочините на ова најенигматско место на Океанот се појавува дваесет метри долгата ајкула Мегалодон, а тука е и палеонтолог, кој се обидува да го спречи нападот на ајкулата и нејзиното размножување.

Според Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х и извршен продуцент, на овој проект се работело од април до октомври, минатата година, а биле ангажирани 80 артисти.

 

- Филмот доби добри критики како научно-фантастичен трилер и летна забава, секако умерена, бидејќи е и за деца над 13 години. Заработката, иако можеби не е единственото мерило за квалитетот на филмот, но Мег трипати го надмина буџетот за продукција и досега заработи 315 милиони долари, а во многу земји во светот, меѓу кои и во нашата, премиерата допрва претстои. Оценката на визуелните ефекти, она што нас најмногу не интересира, е повеќе од одлична. Според Форбс, тие се импресивни, и тоа е доволно да не привлече да одиме во кино и да го погледнеме филмот, вели Даниловски.

Премиерата на „Мег“ е утревечер во киното Синеплекс во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...