Премиера на серијата „Саем на суети“ на HBO И HBO GO

Новата адаптација на класикот на Вилијам М. Текери, „Саем на суети“ (Vanity Fair), ќе има премиера на каналот HBO на 4. септември во 20:00 ч., додека првата епизода ќе биде достапна порано на HBO GO. Секој вторник во истиот термин ќе биде емитувана нова епизода на оваа историска драма, додека во понеделник ќе доаѓа во понудата на HBO GO.



Сместена во време на Наполеоновите војни, седмоделната серија ја следи Беки Шарп додека се обидува да се извлече од сиромаштијата и да постигне успех во англиското општество. Нејзината приказна за „расипаноста, криминалот, радоста, водењето љубов, оставањето, смеењето, мамењето, карањето и танцувањето“ ја води дури до дворот на кралот Џорџ IV, преку битката за Ватерло, додека крши срца и останува со кратки ракави каде и тргне.

Оливија Кук ја предводи силната актерска екипа во улогата на Беки Шарп, а покрај неа ќе ги гледаме музичарот и актер Џони Флин како Вилијам Добин, Мартин Клунс кој го игра ликот на сер Питер Кроли, Франсес де ла Тур како Матилда Кроли, Сурен Џоунс како госпоѓица Пинкертон и Мајкл Палин, кој го игра Текери лично. Тука се и Том Бејтмен како Родон Кроли, Клаудија Џеси како Амелија Седли, познатиот театарски актер Симон Расел Бил и Клер Синклер кои ги играат родителите на Беки и Дејвид Фин како нејзиниот брат Џос.

Познатиот роман за телевизија го адаптираше Гвинет Хјуз, режијата ја потпишува Џејмс Стронг, а Џулија Станард е продуцентка на оваа серија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...