Премиера на првата македонска еротска комедија „Мејкинг Оф“

Премиерата на првиот македонски филм во жанрот еротска комедија „Мејкинг Оф“ ќе се оджи на 6-ти септември 2018 г. во 20.30 часот во кино салата Синеплекс. Филмот е проект на продуцентската куќа Аурипигмент од Скопје, а е работен според сценарио и режија на м-р Кузман Кузмановски. „Мејкинг оф“ ќе го продолжи својот прикажувачки живот по 6-ти септември на редовниот репертоар во Синеплекс и низ кино салите ширум Македонија.



Станува збор за интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие - да снимат филм.

„Мејкинг Оф е вистинска приказна за урбаното живеење во метропола каква што е Скопје. Главни ликови се Соња, Продуцентот, Гратисот и Режисерот. Сите имаат различна мотивација - зошто сакаат да го снимат филмот. Испреплетени се во страсни врски и сета младешка енергија подгреана од асфалтот ја насочуваат во сексот. Но, дали е тоа доволно? Од филмот ќе откирете дали во тој општ галиматијас има место за љубов? “, вели режисерот Кузмановски.

Кинематографер на филмот е Марко Петрушевски, а актерската екипа ја сочинуваат Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Ванчо Петрушевски, Хана Менсон, Дубравка Киселички , Катина Иванова, Љупчо Бојковски, Лазе Манасков ,Пирунка Киселички, Мартин Минговски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...