Премиера на втората сезона на HBO серијата „Хрониките на Тајмс сквер“

Втората сезона на серијата „Хрониките на Тајмс сквер“ (The Deuce), која ја следи приказната за подемот на порно културата во Њујорк во почетокот на 70-тите години на минатиот век, ќе има премиера на 10. септември во 20:00 часот на HBO каналот, а истиот ден првата епизода од новата сезона ќе биде достапна и на HBO GO.

Серијата го истражува турбулентниот свет на секс индустријата од моментот кога либерализацијата на културната револуција и американската сексуалност, како и новите законски одредби, создале индустрија вредна милијарди долари која денес е една од главните составни делови на американското културно наследство. Серијата го следи животот на група шанкери, проститутки, макроа, полицајци и ноќни птици додека талкаат низ светот на сексот, криминалот, дрогата и насилството. Порно бизнисот го започнува својот подем во мафијашките салони за масажа и фотографските лаборатории, а потоа добива легитимитет и станува дел од културата.

Приказната продолжува со девет нови епизоди, пет години по завршувањето на дејствието од првата сезона, и го прикажува хаотичниот Тајмс сквер од 1977 година. Диското и панк културата се во полн ек, како и полициската корупција и политичката толеранција на луѓето кои се собираат на Тајмс сквер. Мафијата, како еден од првите финансиери на порно индустријата, очекува брза заработувачка од моментот кога порнографијата е прогласена за легална.

„Тоа е момент во кој навистина се веруваше дека тешката порнографија ќе стане дел од американската меинстрим култура и начин на размислување“ – изјави Дејвид Сајмон. „И тоа навистина се случи во стварноста, но не на начин на кој си замислуваа нашите ликови.“

Џорџ Пелеканос и Дејвид Сајмон се автори на серијата „Хрониките на Тајмс сквер“ и во исто време извршни продуценти заедно со Нина К. Нобл и Џејмс Франко. Тие заеднички работеа и на HBO сериите „Нарко-мрежа“ и „Треме“.

Во главните улоги ги гледаме Џејмс Франко кој го игра Винсент Мартин, успешен менаџер на неколку ноќни локали кои ги финансира мафијата и неговиот брат близнак Френки Мартин чии бизнис потфати се прилично нестабилни, и Меги Гиленхал како Кенди, сега веќе во улога на режисерка на амбициозни порно филмови. Меги Гиленхал беше номинирана и за „Златен глобус“ за оваа улога.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...