Златна роза за најдобра режија за филмот „Мејкинг Оф“

Специјална награда за најдобра режија „Златна роза“ освои македонскиот филм „Мејкинг Оф“ на режисерот Кузман Кузмановски на 6-тото издание на меѓународниот филмски фестивал „Славјанска приказна“ кој се одржува во Софија.



Филмот беше прикажан на 8-ми септември пред бројна публика во рамки на фестивалот, кој трае од 7 до 10 септември 2018 година во Софија, Бугарија.

-Оваа награда доаѓа по само неколку дена од премиерата на филмот. Тоа е потврда на правилото дека кога нешто се работи од срце, тоа ќе биде забележано и вреднувано. И се заблагодарувам на целата екипа која се вложи максимално професионално во овој филм, вели режисерот Кузмановски.



Во моментов филмот е на репертоар на кино Синеплекс.

Станува збор за интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие - да снимат филм.

Кинематографер на филмот е Марко Петрушевски, а актерската екипа ја сочинуваат Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Ванчо Петрушевски, Хана Менсон, Дубравка Киселички , Катина Иванова, Љупчо Бојковски, Лазе Манасков ,Пирунка Киселички, Мартин Минговски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...