HBO премиера на филмот „Џејн Фонда во пет чина“

Во режија на наградуваната режисерка на документарци Сузан Лејси, филмот „Џејн Фонда во пет чина“ (Jane Fonda In Five Acts) е интимен осврт на уникатното животно патување на Фонда. Премиерата на HBO GO е на 25. септември, додека на HBO каналот ќе се емитува на 4. октомври во 21:45 часот.



Ова е приказна за девојка од соседството, сексапилна мачка, активист, тајкун во фитнес. Оскаровката Џејн Фонда живее живот кој е проткаен со контроверзност, трагедија и преобразба, а сето тоа го прави пред очите на јавноста.

Документарецот е заснован на интервјуата водени 21 час со Фонда, која зборува отворено и искрено за својот живот и своите грешки. Ја истражува болката поради самоубиството на нејзината мајка, емотивната недостапност на нејзиниот татко, пореметувањето со исхраната со кое се борела 30 години, а зборува и за трите брака со познати, но сосема различни мажи. Сузан Лејси ги користела и интервјуата направени со семејството и пријателите на Фонда, ретките снимки од приватните архиви, како и оние од денешно време каде е прикажан нејзиниот брз начин на живот иако има 80 години и кој таа го нарекува „почеток на својот последен чин“.

Во филмот се користени и интервјуа со Роберт Редфорд, Лили Томлин, продуцентот Пола Вајнстин и поранешните мажи Том Хејден и Тед Тарнер. Првите четири чина на животот на Фонда се именувани по четирите мажи со кои споделувала лични и професионални амбиции, а и многу влијаеле врз нејзините одлуки. Петтиот чин е именуван по самата Фонда, која конечно се соочува со своите демони, одново се поврзува со семејството и продолжува успешна кариера како актерка и активистка, целосно под нејзини услови.

Џејн Фонда е активна и денес, ангажирана е во политиката и во светот на креативноста и ни покажува дека нема ограничувања во животот ако тој е исполнет со одлучност, чесност и напорна работа.

Докуметарниот филм го режирала Сузан Лејси, а директор на фотографија е Сем Пејнтер. Лејси, Еми Пилдс и Џесика Левин се продуцентки, додека за музиката беше задолжен Пол Кантелон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...