УСПЕХ - Премиера на првата HBO серија во регионот

Премиерата на првата серија од оригиналната HBO Europe продукција во нашиот регион, „УСПЕХ“, ќе се емитува на 26. декември на HBO и HBO GO, а денес е објавен и првиот видео тизер. Серијата ќе се прикажува преку услугата HBO GO и каналот HBO во земјите од регионот (Македонија, Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора), како и во Централна Европа, Скандинавија и Шпанија.



Сценариото за серијата „Успех“ во шест продолженија го напиша Марјан Алчевски, еден од победниците на HBO Adria First Draft натпреварот, а режисер е оскаровецот Данис Тановиќ.

„УСПЕХ“ е повеќеслојна драма фокусирана на силни ликови. Тројца луѓе кои не се познаваат ќе ги поврзе несреќен редослед на настани во моментот кога ќе се обидат да помогнат на една жртва на насилство. Со оглед дека последиците од нивните дела започнуваат да се вовлекуваат во секој аспект од нивните животи, тие обични луѓе со различно потекло одлучуваат повторно да воспостават контрола врз своите животи. Станува збор за горчлива ода на градот Загреб која донесува мрачен увид во различните структури на денешното општество претставен низ животните приказни на обични луѓе кои друштвото ги довело до работ. Иако на прво поглед е повеќе загрепска серија, „УСПЕХ“ е универзална приказна во која преку љубовта, работата, семејството, преданоста, несигурноста и злосторството ги истражуваме чувствата на фрустрација, беспомошност и пасивност во секојдневниот живот на обичниот човек во регионот и пошироко.

Извршни продуценти на серијата се Стив Метјус и Џонатан Јанг, продуценти се Ана Балентовиќ (HBO Adria), Небојша Тараба и Миодраг Сила („Drugi Plan“), додека супервизор на продукцијата е Ема Тарнер.

Во главните улоги ќе ги гледаме Ива Михалиќ, Уликс Фехмиу, Тара Талер, Тони Гојановиќ и Марија Шкаричиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...