Премиера на новата хумористична HBO серија „Кампување“

Џенифер Гарнер настапува во новата хумористична HBO серија „Кампување“ (Camping) која следи една група на стари пријатели на кампување организирано по повод обележување на роденден – ситуација која кај сите ќе пробуди емоции, напнатост и несакани сценарија. Серијата ќе има премиера на HBO каналот на 15. октомври во 21:00 часот, а истиот ден ќе биде достапна и на HBO GO.

Сценаристи и продуценти на серијата се Лена Данам (авторка и актерка во HBO серијата „Девојки“ (Girls)), Џени Конер (извршна продуцентка на HBO серијата „Девојки“) и Џон Риги, а се темели на истоимената британска серија на авторката Џулија Дејвис.



„Кога ја видовме урнебесната британска верзија на „Кампување“ од Џулија Дејвис, знаевме дека ова ќе биде прилично забавен концепт за сценаристите и актерите“ – изјавија Лена Данам и Џени Конер. „Возбудени сме поради актерската екипа и поради самата приказна. Толку сме возбудени што ќе ве натераме повеќе никогаш да не одите во шума.“

„Кампување“ ни прикажува еден викенд во природа што го организира Кетрин (Џенифер Гарнер) по повод 45-тиот роденден на нејзиниот сопруг Волт (Дејвид Тенант). Тоа што треба да биде спокојна прослава во природа се претвора во искушение за пријателствата и браковите кога Кетрин, нејзината сестра Карлин, нивната поранешна најдобра пријателка Нина-Џој и дивата Џендис, заедно со другите, пристигнуваат во кампот. И покрај напорите на Кетрин, а можеби и заради нив, викендот се претвора во серија од кавги, признавања, напади на животни, лекарски посети и кривични дела од една кон друга жена што нема да бидат заборавени во скоро време.

Во оваа мрачно-смешна комедија со осум епизоди ги гледаме и најдобриот пријател на Волт, Џорџ, сопругот на Нина-Џој, чијашто среќна фасада го крие потиснатиот бес. Тука е и неодамна разведениот пријател на Волт по име Мигел кој доживува средовечна криза, додека момчето на Карлин, коешто е зависник на лекување, полека се движи кон самоуништување

Освен Џенифер Гарнер и Дејвид Тенант, во серијата ќе ги гледаме и Џулиет Луис, Ајони Скај, Џаника Браво, Артуро дел Пуерто и Брет Гелман.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...