Нови серии од продукцијата на HBO EUROPE

Меѓу најинтересните серии кои пристигнуваат на HBO и HBO GO оваа есен се оригиналните серии во продукција на HBO Europe – новата полска серија „Ослепени од светлата“ (Blinded By The Lights), романско-германската копродукција „Хакервил“ (Hackerville) и третата сезона на унгарската хит серија „Златен живот“ (Aranyelet).



По две успешни HBO Europe серии „Глутница“ (Wataha) и „Пакт” (The Packt) кои беа продуцирани во Полска, ни пристигнува новата серија „Ослепени од светлата, серија во 8 епизоди која раскажува приказна за 7-те дена од животот на еден дилер на кокаин, чијшто совршено организиран живот почнува да се претвора во хаос кога е присилен да ги донесе најбитните одлуки во животот. Серијата се базира на истоимениот роман на Јакуб Жилчник, режисер на сите епизоди е Кристоф Сконјецни (Hardkor Disko), додека сценариото е на претходно споменатите двајца автори. Сите епизоди на „Ослепени од светлата“ се достапни на HBO GO, додека на HBO каналот новите епизоди се емитуваат секоја сабота во 22 часот.

На почетокот на ноември премиера ќе има серијата „Хакервил“, во која се работи за еден 14-годишен гејмер и за една германско-романска аналитичарка за кибернетски криминал која е испратена да најде еден хакер во својот роден град Темишвар. Таму таа се здружува со еден романски полицаец.

Серијата имаше премиера на Филмскиот фестивал во Џирих, додека премеирата на HBO 3 каналот е закажана за 4. ноември во 22:00 часот. Истиот ден ќе биде достапна и на HBO GO. Ова е прва копродукција на HBO Europe и TNT Serie, а продуценти се познатиот романски режисер и сценарист Кристијан Мунгију и Тудор Реу.

Сите епизоди од третата и последна сезона на популарната и неколкукратно наградувана унгарска серија „Златен живот“ се достапни на HBO GO, додека на HBO 3 каналот нови епизоди се емитуваат секоја недела во 21 часот.

Серијата го следи семејството Миклоши кое конечно го живее животот од нивните соништа. Но зад таа фасада на среќата, купена со крв и предавства, сѐ уште вријат страстите. Ќе може ли семејството, моќта, кариерата и интегритетот некогаш да функционираат заедно?

Меѓу сериите во продукција на HBO Europe која се очекува со големо нетрпение е и премиерата на правата серија од нашиот регион „Успех“, во режија на оскаровецот Данис Тановиќ.

Секоја серија ќе има премиера во исто време во сите земји кои ги покрива HBO Europe.

Преку услугата HBO GO достапни за гледање се и останатите серии во продукција на HBO Europe: наградуваната мини-серија „Несогорливата капина“ (Burning Bush), врвни драмски серии како „Мамон“ (Mamon), „Пакт“ (The Pact), „Глутница“ (Wataha) и други.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...