Премиера на „Бегството во Данемора“ во режија на Бен Стилер

Новата Showtime серија во режија на Бен Стилер „Бегството во Данемора“ (Escape At Dannemora) пристигнува на HBO GO, на 19. ноември, по што секој понеделник во понудата ќе доаѓа по една нова епизода.

Премиерата на HBO каналот ќе биде на 7. декември во 20:00 часот, а новите епизоди ќе се емитуваат секој петок во истиот термин. Во главните улоги ќе ги гледаме оскаровците Бенисио дел Торо и Патриша Аркет како и талентираниот актер Пол Дено, номиниран за наградата „Златен глобус“.

„Бегството во Данемора“ се заснова на чудното бегство од затвор во Њујорк во летото 2015 година што предизвика огромна потера по двајцата осудени убијци. Во бегството им помага една мажена жена вработена во затворот, која со месеци имала афери и со двајцата мажи. Бенисио дел Торо го игра осудениот убиец Ричард Мет, кој го осмислува бегството. Патриша Аркет ја игра Тили Мичел, сопруга и мајка која работи во затворската работилница и има сексуални односи и со двајцата мажи, на крајот согласувајќи се да скрие пили во замрзнатото месо за хамбургери за да им помогне да избегаат. Пол Дено го игра Дејвид Свет, осуден убиец на полицаец, кој има искрени чувства спрема Тили и станува партнер во заверата на Ричард Мет.

Освен што ги режираше сите седум епизоди, Бен Стилер е и еден од извршните продуценти на серијата заедно со Брет Џонсон и Мајкл Толкин кои се сценаристи на серијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...