Ексклузивна претпремиера на „Успех“ првата регионална серија од HBO EUROPE

Во четвртокот, во Загреб, беше одржана ексклузивна претпремиера на долгоочекуваната прва серија од оригиналната продукција на HBO Europe во нашиот регион - „УСПЕХ“.

Меѓу познатите лица кои беа поканети на претпремиерата и кои прошетаа по црвениот тепих беа: Уликс Фехмиу, Марија Шкаричиќ, Ива Михалиќ, Тони Гојановиќ, Тара Талер, Горан Навојец, Ивана Рошчиќ, Мислав Чавајда, Ида Пестер, Ела Дворник, Миран Курспахиќ, Барбара Вицковиќ, Зринка Цвитешиќ, Гина Викторија Дамјаниќ, Антонија Ступар Јуркин, Рита Румора и многу други.



Серијата ќе биде достапна за гледање од 6. јануари 2019 година преку HBO GO услугата и HBO каналите во земјите од регионот (Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора), како и во Централна Европа, Скандинавија и Шпанија.

Сценариото за серијата „Успех“ во шест продолженија го напиша Марјан Алчевски, еден од победниците на HBO Adria First Draft натпреварот. Режисер е оскаровецот Данис Тановиќ кој, по повод премиерата, изјави: „Работењето на серијата Успех беше нова страница во мојот професионален живот. Уживав во снимањето. Би сакал да им се заблагодарам на актерската екипа и целиот тим кој работеше на овој проект. Нивната напорна работа, талент и посветеност ја направија оваа серија успешна.“



„УСПЕХ“ е повеќеслојна драма фокусирана на силни ликови. Тројца луѓе кои не се познаваат ќе ги поврзе несреќен редослед на настани во моментот кога ќе се обидат да помогнат на една жртва на насилство. Со оглед дека последиците од нивните дела започнуваат да се вовлекуваат во секој аспект од нивните животи, тие обични луѓе со различно потекло одлучуваат повторно да воспостават контрола врз своите животи. Станува збор за горчлива ода на градот Загреб која донесува мрачен увид во различните структури на денешното општество претставен низ животните приказни на обични луѓе кои друштвото ги довело до работ. Иако на прво поглед е повеќе загрепска серија, „УСПЕХ“ е универзална приказна во која преку љубовта, работата, семејството, преданоста, несигурноста и злосторството ги истражуваме чувствата на фрустрација, беспомошност и пасивност во секојдневниот живот на обичниот човек во регионот и пошироко.

Извршни продуценти на серијата се Стив Метјус и Џонатан Јанг (HBO Europe), продуценти се Ана Балентовиќ (HBO Adria), Небојша Тараба и Миодраг Сила („Drugi Plan“), додека супервизор на продукцијата е Ема Тарнер.

Во главните улоги ќе ги гледаме Ива Михалиќ, Уликс Фехмиу, Тара Талер, Тони Гојановиќ и Марија Шкаричиќ.

Во останатите улоги настапуваат: Горан Богдан, Горан Навојец, Ивана Рошчиќ, Леон Лучев, Борут Веселко, Јасна Жалица, Мислав Чавајда, Никша Бутијер, Бојан Навојец, Барбара Вицковиќ, Миран Курспахиќ, Тихана Лазовиќ, Вилим Матула, Ѓорѓе Кукуљица, Дајана Чуљак, Дијана Видушин, Филип Маер, Дамир Пољичак, Тена Гајски, Младен Ковачиќ, Павле Матушко, Матија Качан, Дора Перојевиќ и многу други.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...