Сите епизоди на „Успех“ од 6-ти јануари на HBO GO

Премиерата на првата регионална серија во продукција на HBO Europe, „Успех“, е закажана за 6. јануари, кога сите шест епизоди ќе бидат достапни на гледачите на HBO GO. Истиот ден, првата епизода ќе се емитува на HBO каналот во 20 часот. Секој недела во истиот термин ќе биде достапна нова епизода.



Истиот ден, серијата ќе има премиера во сите земји од регионот (Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора), како и во Централна Европа, Скандинавија и Шпанија.

Сценариото за серијата „Успех“ во шест продолженија го напиша Марјан Алчевски, еден од победниците на HBO Adria First Draft натпреварот, а режисер е оскаровецот Данис Тановиќ

Извршни продуценти на серијата се Стив Метјус и Џонатан Јанг (HBO Europe), надзорна продуцентка е Ема Тарнер (HBO Europe), продуценти се Ана Балентовиќ (HBO Europe), Небојша Тараба и Миодраг Сила („Drugi Plan“).

„УСПЕХ“ е повеќеслојна драма фокусирана на силни ликови. Тројца луѓе кои не се познаваат ќе ги поврзе несреќен редослед на настани во моментот кога ќе се обидат да помогнат на една жртва на насилство. Со оглед дека последиците од нивните дела започнуваат да се вовлекуваат во секој аспект од нивните животи, тие обични луѓе со различно потекло одлучуваат повторно да воспостават контрола врз своите животи. Станува збор за горчлива ода на градот Загреб која донесува мрачен увид во различните структури на денешното општество претставен низ животните приказни на обични луѓе кои друштвото ги довело до работ. Иако на прво поглед е повеќе загрепска серија, „УСПЕХ“ е универзална приказна во која преку љубовта, работата, семејството, преданоста, несигурноста и злосторството ги истражуваме чувствата на фрустрација, беспомошност и пасивност во секојдневниот живот на обичниот човек во регионот и пошироко.

Во главните улоги ќе ги гледаме Тони Гојановиќ, Тара Талер, Ива Михалиќ, Уликс Фехмиу и Марија Шкаричиќ.

Во останатите улоги настапуваат: Горан Богдан, Горан Навојец, Ивана Рошчиќ, Леон Лучев, Борут Веселко, Јасна Жалица, Мислав Чавајда, Никша Бутијер, Бојан Навојец, Барбара Вицковиќ, Миран Курспахиќ, Тихана Лазовиќ, Вилим Матула, Ѓорѓе Кукуљица, Дијана Видушин, Филип Маер, Дамир Пољичак, Тена Гајски, Младен Ковачиќ, Павле Матушко, Матија Качан, Дора Перојевиќ и многу други.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува жена во аптека и прашува:
- Дали имате екстра-големи кондоми?
- Да, имаме. Сакате ли да купите?
- Не, благодарам. Ќе ви пречи ли ако седам покрај вратата и чекам некој...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на метеорологијата
1309.- Папата Клемент Петти ја премести папската...
1616.- Во Сратфорд на Ејвон умре Вилијам...
1801.- Незадоволните дворски офицери го убија...