„Успех“ првата HBO серија од Балканот гледајте ја на MaxTV

За првата регионална HBO Europe серија, „Успех“, се зборува веќе со месеци, а сега првата епизода веќе е достапна во видеотеката на MaxTV.

Иако премиерата е закажана за 6. јануари, Македонски Телеком и HBO одлучија да придонесат кон веселото празнично расположение и да ги израдуваат со претпремиера сите MaxTV корисници.

Епизодата ќе биде достапна ограничен временски период и затоа побрзајте и гледајте ја веднаш! Сите останати епизоди ќе може да ги погледнете од 6. јануари на HBO On Demand видеотеката на MaxTV и HBO GO. На HBO каналот премиерата е на 6. јануари во 20 часот, а нови епизоди ќе се емитуваат во истиот термин секоја недела.

Сценариото за серијата „Успех“ во шест продолженија го напиша Марјан Алчевски, еден од победниците на HBO Adria First Draft натпреварот, а режисер е оскаровецот Данис Тановиќ.

„УСПЕХ“ е повеќеслојна драма фокусирана на силни ликови. Тројца луѓе кои не се познаваат ќе ги поврзе несреќен редослед на настани во моментот кога ќе се обидат да помогнат на една жртва на насилство. Со оглед дека последиците од нивните дела започнуваат да се вовлекуваат во секој аспект од нивните животи, тие обични луѓе со различно потекло одлучуваат повторно да воспостават контрола врз своите животи.

Станува збор за горчлива ода на градот Загреб која донесува мрачен увид во различните структури на денешното општество претставен низ животните приказни на обични луѓе кои друштвото ги довело до работ. Иако на прво поглед е повеќе загрепска серија, „УСПЕХ“ е универзална приказна во која преку љубовта, работата, семејството, преданоста, несигурноста и злосторството ги истражуваме чувствата на фрустрација, беспомошност и пасивност во секојдневниот живот на обичниот човек во регионот и пошироко.

Во главните улоги ќе ги гледаме Тони Гојановиќ, Тара Талер, Ива Михалиќ, Уликс Фехмиу и Марија Шкаричиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...