Листа со 25 најдобри филмови во 2018 година

Порталот „Yahoo Entertainment“ објави листа со 25 најдобри филмови за изминатава годна. На листата најмногу има драми, а исто така речиси сите се од англиско говорно подрачје.

25. „A Quiet Place“- постапокалиптичната приказна за луѓето што не смеат да изустат ни збор за да не бидат изедени од надмоќните вонземјани, е доволно силна и оригинална за критиката да ја смести во оваа листа.

24. „The Hate U Give“ - моќна криминалистичка драма за полициската бруталност и пресекување на синџирот на омразата.

23 „Shoplifters“ - јапонска драма за семејство ситни криминалци кои наоѓаат напуштено дете што од корен им ги менува животите.

22. „Creed 2“ - спортска драма, всушност е осмото продолжение на серијалот филмови за Роки Балбоа.

21. „Mandy“ - психоделичен хорор, а дејствието се одвива во 1983 година. Првиот уметнички успешен проект со Николас Кејџ по подолго време.

20. „The Favourite“ - драма чие дејствие се одвива на почетокот од 18 век за време на војната на Англија со Франција.

19. „Sorry to Bother You“ - научна фантастика, која ја споредуваат со ланскиот хит мистерија „Излегувај“, но со своите сопствени оригинални елементи, може да привлече уште повеќе приврзаници.

18. „The Rider“ - кинеската режисерка Клои Жао сними успешен вестерн филм.

17. „First Man“ - филмов само ги следи претходните високобуџетни научнофантастични проекти како „Гравитација“, „Живот“ и „Пристигнување“ но сега збогатен со историска, вистинска приказна за стапнувањето на Нил Армстронг на Месечината.

16. „First Reformed“ - моќна приказна за свештеник кој доживува криза во својата верба во Бог.

15. „Paddington 2“ - ретко се случува продолжението да го достигне, а уште поретко и да го надмине оригиналот. Ова е еден од тие случаи.

14. „BlackKklansman“ - вистинска приказна за детектив црнец кој успешно се инфилтрирал во расистичка група на Кју-Клукс-Кланот.

13. „Cold War“ - епска драма на Павел Павликовски за Студената војна во Полска.

12. „Annihilation“ - уште еден од оние високобуџетни софистицирани научнофантастични проекти за вселенските мистерии.

11. „Eight Grade“ - комедија за животот на една тинејџерка во и вон училиштето.

10. „Won’t You Be My Neighbor?“ - документарен филм за познатиот американски телевизиски водител Фред Роџерс.

9. „Widows“ - драма снимана по истоимената серија од 1983 година за група жени кои се обидуваат да ги осветат своите сопрузи кои загинаа при грабеж.

8. „Leave No Trace“ - емотивна драма за тоа да се биде успешен родител, која ги собра симпатиите и на критичарите и на публиката.

7. „Spider-Man: Into the Spider-verse“ - анимиран филм за Спајдермен.

6. „If Beale Street Could Talk“ - според многумина, режисерот Бери Џенкинс со својот нов проект го надминал својот оскаровски филм „Месечева светлина“.

5. „Mission: Impossible – Fallout“ - шести дел од серијалот Невозможна мисија и агентот Итан Метју Хант

4. „Can You Ever Forgive Me?“ - биографски филм за писателката Леа Израел.

3. „A Star Is Born“ - музичка романтична драма во која настапуваат Бредли Купер и Лејди Гага. Всушност филмот е римејк на истоимениот филм од 1937 година

2. „Black Panther“ - суперхеројскиот филм за социјалната правда, политичкиот набој и личната одговорност го потисна третиот дел на „Одмаздници“, кој исто така собира многу позитивни критик

1.„Roma“ - драма чие дејство се одвива во 1970 и 1971 година во населба во Мексико Сити претежно населени со Италијанци, режисерот покажа како знае успешно да ја дозира филмската емотивност и тоа да го доведе речиси до совршенство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...