„Оскарите“ без водител првпат по 30 години

Најсвечената холивудска ноќ, доделувањето на „Оскарите“, ќе се одржи за нешто повеќе од еден месец и по 30 години тоа најверојатно ќе биде без водител. Оној кому таа улога му беше доверена, комичарот Кевин Харт мораше да се повлече поради навредливи објави на социјални мрежи, а замена за него не е пронајдена.

Настанот е закажан за 24 февруари, а номинациите ќе бидат објавени денеска. Иако организаторите сѐ уште официјално не потврдиле, извори од забавната индустрија говорат дека Американската академија на филмски уметности и наука го подготвува 91. доделување на „Оскарите“ без водител.

Последен пат тоа се случи 1989 година, а овој пат тоа, се чини, ќе биде едно од најзасрамувачките во историјата, бидејќи секоја година паѓа и квалитетот и гледаноста на шоуто. Некои пак, мислат дека неуспехот во пронаоѓањето водител, всушност е добра вест.

– Тоа е скриен благослов, ќе каже Тим Граy, уредник во „Варајети“.

– Луѓето веќе со години говорат дека форматот на доделувањето е непроменет од 1953-та, па му треба нешто ново и мислам дека вечер без водител е добра идеја, додава тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...