„Крајот на времето“ на Милчо Манчевски ја доби наградата Curator’s Choice

Краткиот експериментален филм „Крајот на времето“ на режисерот Милчо Манчевски ја доби наградата Curator’s Choice на американскиот патувачки филмски фестивал за кратки филмови Wandering Reel Traveling Film Festival.



„Крајот на времето“ е кубанско-американска копродукција по сценарио и режија на Милчо Манчевски, експериментален филм кој Кетлин Мекинис, директорката на фестивалот во Аспен го нарече „хипнотичен и величествен“. Берлинскиот Либери фестивал вели „Свежиот минимализам и авторитетната едноставност на „Крајот на времето“ се навистина потресни“, а Дејан Здравков од Филозовскиот филмски фестивал во Скопје напиша „Неверојатно привлечна кинематска и уметничка игривост, експериментално трансцедентално патување... ретки и безвременски мигови“, додека канадскиот режисер на експериментални филмови и критичар, Мајк Хулбум, вели: „Студија на секојдневното и на тајното спасение кое мирно чека додека никој не гледа. Вниманието на гледачот е поттикнато да скита по сликата, небаре нашата потреба од херои или предмети за тестирање веќе не е неопходна.“



Филмот е прикажан на повеќе од 30 фестивали, музеи и уметнички галерии и има освоено 6 награди, меѓу кои и во Аспен и Берлин. Светски дистрибутер на филмот е Пасифик воис од Јапонија.

Пред само десетина денови Манчевски беше награден и на годинашниот јубилеен 30. Mеѓународен филмски фестивал во Трст, Италија, каде му беше доделена наградата Eastern star за достигнувања во областа на кинематографијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...