Премиера на документарниот филм „Напуштајќи го Неверленд“

Документарниот филм „Напуштајќи го Неверленд“ (Leaving Neverland), во две продолженија, истражува различни но паралелни приказни за две момчиња кои се спријателиле со Мајкл Џексон. Џејмс „Џими“ Сејфчак имал 10, а Вејд Робсон 7 години кога, со своите семејства, биле поканети во магичниот свет на Мајкл Џексон во период кога неговата кариера била во зенитот.



Преку мачните интервјуа со Сејфчак кој сега има 41 и Робсон кој има 38 години, како и нивните семејства и сопруги, „Напуштајќи го Неверленд“ гради слика за континуирано злоставување истражувајќи ги комплексните чувства кои ги довеле овие мажи, кои сега имаат синови, да се соочат со своите искуства.

Продуцент и режисер е Ден Рид (познат по HBO документарецот „Шарли Ебдо: Три дена терор“ и „Ужас во трговскиот“). Двете продолженија на документарниот филм „Напушајќи го Неверленд“ ќе бидат достапни преку HBO GO услугата од 8. март, додека на HBO каналот филмот ќе биде емитуван на 10. и 11. април во 20:00 часот.

Документарниот филм неодамна имаше светска премиера во рамките на филмскиот фестивал „Санденс“. Првите позитивни критики се објавени во списанијата „Ролинг Стоун“ кој го опиша како „тежок за гледање и уште потежок за игнорирање и заборавање“, „Холивуд Рипортер“ кој смета дека е „вознемирувачки, сложен и трогателен и „Вараети“ каде сметаат дека е „разорно силно и убедливо сведочење“.

Продуцент и режисер на филмот „Науштајќи го Неверленд“ е Ден Рид, монтажата е на Џулс Корнел, помошник на продуцентот е Маргерита Годин, директор на фотографија е Ден Рид, композитор е Чед Хобсон, додека музички продуцент е Стив Меклолин. Извршни продуценти за HBO Documentary Films се Ненси Абрахам и Лиса Хелер. Уредници за Channel 4 се Даниел Пери, Том Портер и Дороти Бирн.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...