„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ го освојува светот!

По огромниот успех на македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска на 69-тото издание на престижниот филмски фестивал Берлинале и освоените две награди (престижната наградата на Екуменското жири (Ecumenical Jury Award), и наградата на германскиот еснаф на независни киноприкажувачи (Guild Film Award), француската компанијата за продажба „Пирамид“, која ги откупи правата за продажба, успеа
филмот, да го пласира во 28 земји низ целиот свет.

Прикажувањето на филмот започнува во Франција од 1 мај, па потоа Петрунија продолжува во кино дистрибуција низ целиот свет од Далечниот Исток во Кина, Јапонија, до Австралија, преку Јужна Америка во Бразил и Колумбија, па на север до Канада, преку Турција и земјите од Блискиот Исток, до источна Европа вклучително Русија, Полска, Романија, Унгарија, Украина, па во западна Европа Италија, Шпанија, Белгија, Австрија, Луксембург, Шведска, Данска, и Швајцарија, до речиси секаде во соседството во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора и нам јужната Грција.

Покрај овие, веќе потврдени земји, преговорите продолжуваат и за останатите земји кои изразија интерес, како САД, Германија, Мексико и други.

Агентот за продажба „Пирамид“ потенцира дека неверојатно добрите реакции на публиката во Берлин и добрите критики на светските критичари допринесоа
за овој исклучително голем интерес од дистрибутерите, а пак голем дел од нив веќе го имаа откупено филмот и за време на самиот Берлински фестивал. Тие продолжуваат со работа на пласманот на филмот со учество на најголеми филмски маркети и фестивали по нивен избор во наредниот период. Како исклучителен филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ веќе е ексклузивен филм за отворање или затварање на низа фестивали. „Пирамид“ исто така потенцира дека за секоја земја се потрудиле филмот да биде продаден на навистина добри дистрибутерски куќи.



Исклучително важно да се напомене е и дека „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ исто така е продаден и на телевизиската куќа HBO, која ќе почне со прикажување откако ќе заврши светската кино дистрибуција.

Ваков успешен пробив во меѓународна кинодистрибуција на македонски филм е вистинска реткост, а самиот факт дека филмот ќе биде виден во огромен број на земји е неверојатен успех за македонската кинематографија.

Македонската публика е првата која ќе има можност да го погледне филмот во македонските кино сали.

Започнувајќи од денес, „Господ постои, името и е Петрунија“ ќе почне да се прикажува во киното Cineplexx, со редовни проекции од 19.30 и 21.00 часот и свечената проекција во 20.00, а пак наредниот ден 15 март, во кино Милениум со премиера од 20.00 и реприза од 22.00 часот и наредните денови во редовниот кино репертоар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...