„Господ постои, името ѝ е Петрунија” освои главна награда во Дортмунд

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска ја освои главната награда на фестивал во Дортмунд, Германија, (Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival) која има и парична вредност од 15.000 евра. Фестивалот се одржуваше од 9 до 14 април. Посветен е на женски автори и во главната конкуренција се избираат само осум филма од целиот свет кои се натпреваруваат за главната награда.

-Овој пат тричленото жири се одлучи за Петрунија, кој очигледно наидува на одличен прием кај германската стручна филмска јавност. Доделувајќи ја наградата жирито рече: „Oдлучивме да ја доделиме главната награда на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата, соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

За да ја прими наградата на завршната церемонија на фестивалот, режисерката Стругар-Митевска допатува од филмскиот фестивал „Go East“ во Визбаден, каде што е претседател на интернационалното жири. „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на 10 април го отвори фестивалот во Визбаден, а проекција имаше и на 12 април.

Овој месец филмот ќе гостува на шест фестивали, меѓу кои и во Москва, каде што е откупен за дистрибуција во Русија и Украина. Интернационалниот продажен агент „Пирамид“, пак, кој ги откупи правата за дистрибуција на француската територија, на 1 мај ќе ја почне дистрибуцијата во 60 киносали низ цела Франција, од кои седум во Париз.

Филмот патува и низ земјава и по прикажувањата во Скопје, Битола и Прилеп, на 20 и 21 април ќе биде прикажан и во Штип, градот во кој беше сниман.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...