„Медена земја“ најдобар филм на фестивал во Тел Авив

Документарниот „Медена земја“ доби награда за најдобар филм (Best International Film Award) на фестивал во Тел Авив (21. DOCAVIV – The Tel Aviv International Documentary Film Festival). Наградата им беше врачена вчера на двајцата режисери, Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, на наградна церемонија во Тел Авив.



Стручното жири едногласно одлучи да го награди филмот и во образложението ја истакнува неверојатната наративност и кинематографија со која се прикажува една заедница која живее на маргините на општеството, што прераснува во фасцинантен портрет на една извонредна жена.

-Жирито беше поттикнато од интимната медитација за кршливоста на човековото постоење во неговата длабока поврзаност со природата. Од животот на главниот лик во филмот, Хатиџе Муратова, која е веројатно последната пчеларка во Европа што сè уште го извлекува медот од природни колонии и се труди да не го наруши природниот баланс со човечката ненаситност, бидејќи ако еден го скрши правилото сите ја плаќаат цената, умешноста на филмската екипа успева на визуелно раскошен начин да ја покаже нејзината магична виталност и бескраен оптимизам во секојдневните борби со предизвиците кои произлегуваат од „надворешниот” свет, соопшти Агенцијата за филм.

„Медена земја“ има освоено повеќе награди од премиерата во јануари годинава, кога на престижниот фестивал „Санденс“ триумфираше со три награди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...