Премиера на третата сезона на „Приказната за робинката“

На HBO GO веќе се достапни првите три епизоди на новата сезона на серијата „Приказната на робинката“ (The Handmaid's Tale), а новите епизоди ќе се емитуваат секој четврток. Премиерата на HBO каналот е закажана за 26. јули.



„Приказната на робинката“ е адаптација на класичниот роман од Маргарет Атвуд. Тоа е приказна за животот во дистопичната држава Гилед, која е тоталитарно општество во поранешните САД. Соочувајќи се со еколошки катастрофи и намален наталитет, во Гилед владее изопачен фундаментализам и претставува милитаризирано враќање кон традиционалните вредности. Како една од неколкуте преостанати плодни жени, Офред (Елизабет Мос) е робинка во куќата на Командантот. Таа е една од жените принудена да биде сексуална робинка во последниот очајнички обид повторно да се насели светот. Во ова ужасно општество, Офред мора да се справува со командантите, нивните сурови сопруги и останатите робинки каде што секој може да биде шпион, и тоа со една цел, да преживее и да ја најде ќерката што ѝ е одземена.

Третата сезона има 13 епизоди и ќе биде обележана со отпорот која главната хероина го дава против дистопискиот режим на Гилед откако повторно ќе се најде таму по неуспешниот обид за бегство во Канада со нејзиното бебе. Во новата сезона ќе се бори против режимот во речиси невозможни услови. Ја очекуваат повторни средби, предавства и патувања во Гилед. Тоа ќе ги натера ликовите да заземат став, водени со молитвата: „Нека биде благословена борбата“.

Во главните улоги настапуваат: Елизабет Мос, Џозеф Фајнс, Ивон Страховски, Алексис Бледел, Медлин Бруер, Ен Дауд, О-Т Фагбенле, Макс Мингела, Аманда Бругел, Самира Вајли и Бредли Витфорд.

Серијата „Приказната на робинката“ освои многу престижни награди меѓу кои и 11 „Еми“ и „Златен глобус“ награди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...