Британската пејачка, модел и актерка, Грејс Џонс ја напушти сцената на новиот филм „Џејмс Бонд“, само неколку минути откако се појави на неа.
По повредите на главниот актер Даниел Крег, по експлозијата во студиото, каде што за среќа, немаше повредени, се чини, проблемите за филмаџиите не запираат.
До новиот инцидент, наводно, дошло затоа што Грејс била незадоволна, па дури и навредена, од кусиот текст и минутажата што ги добила во филмот. Иако е договорена кратка улога, таа сепак, како што велат изворите, очекувала поголема улога.
– Таа има одреден углед, па сите правеа сѐ за да се чувствува добро. Но, таа очекуваше многу поголема улога, па ова кусо појавување го доживеа како понижување, открива неименуван извор од снимањето на „Бонд 25“.
Грејс во 1985-та година ја глумеше негативката Меј Деј во „Џејмс Бонд: Поглед на убиство“, наспроти Роџер Мур како главен протагонист.