Одложена премиерата на новиот „Џејмс Бонд“ филм

Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд – „Не е време за умирање” (No Time To Die) е одложена за седум месеци. Повод се бројните повици на обожавателите поради стравот од новиот коронавирус.



Продуцентите Мајкл Вилсон и Барбара Броколи вчера на Твитер објавија дека првото прикажување е поместено за ноември 2020-та година, односно премиерата во Велика Британија ќе биде на 12 ноември, а онаа ширум светот – на 25 ноември.

Филмовите за „агентот 007“ чинат огромна заработка на светскиот кинопазар. Претходниот Бонд филм „Спектра” (2015), на пример, заработи над 679 милиони долари, а над 84 милиони долари само во Кина.

Одложувањето на прикажувањата на холивудските филмови е под влијание на заканата од новиот коронавирус. Земјите коишто се најмногу погодени од вирусот, воведуваат или веќе воведоа забрана за јавни собири на поголеми групи луѓе. Италија и Кина на пр., ги затворија кината во своите најкритични зони обележани поради вирусот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...