HBO премиера: „Бегство кон љубовта“

Новата получасовна хумористична HBO серија „Бегство кон љубовта“ (Run), на сценаристката и продуцентка Вики Џоунс, ќе има премиера на 13. април во 21:30 часот на HBO каналот, а истиот ден доаѓа и на HBO GO.



Со Мерит Вивер и Домнал Глисон во главните улоги „Бегство кон љубовта“ е микс од романтична комедија и трилер. Серијата раскажува за Руби Ричардсон (Вевер), жена која го напушта животот во предградието за да ги евоцира спомените од минатото со некогашното момче од колеџ, Били Џонсон (Глисон). Пред 17 години тие склучиле договор дека доколку еден од нив испрати порака со содржина „БЕГСТВО“ и го добие истиот одговор, тогаш го напуштаат дотогашниот живот и се среќаваат на станицата „Гранд централ“ во Њујорк за да ја шетаат Америка заедно.

Како гости во серијата се појавуваат и добитничката на „Еми“ и „Златен глобус“ Фиби Волер Бриџ во улогата на Лорел, жена која Руби и Били ќе ја запознаат за време на своето патување. Рич Сомер го игра сопругот на Руби, Тамара Подемски ќе ја гледаме како полициски детектив, додека Арџи Пенџаби е Фиона, поранешна помошничка на Били.

Освен Вики Џоунс, извршни продуценти се и Фиби Волер Бриџ, Џени Робинс, Кејт Денис, Емили Лио и Оливер Роскил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...