Ѕвездата од оскаровскиот филм „Милионер од гетото“ (Slumdog Millionaire), како и на „Животот на Пи“ и „Светот Јура“, индискиот актер Ирфан Кан почина на 53 години.
На Кан му беше дијагностициран невроендокрин тумор во март 2018-та година.Тој во вторникот бил пренесен во болницата во Мумбаи на лекување, откако претрпел инфекција на бубрезите и бил ставен на интензивна нега.
Актерот починал вчера опкружен со најблиските, сопругата Сутапа Сикдар и синовите Бабил и Ајан Кан.