Премиера на 4-та сезона на „Приказната на робинката“

Првите три епизоди од новата сезона на наградуваната серија „Приказната на робинката“ (The Handmaid's Tale) ќе станат достапни од 29. април на HBO GO, додека премиерата на HBO каналот е закажана за 30. април во 20 часот.



Серијата се базира на романот на Маргарет Атвуд и раскажува приказна за животот во дистопичната држава Гилеад, која е тоталитарно општество во поранешните САД. Соочувајќи се со еколошки катастрофи и намален наталитет, во Гилеад владее изопачен фундаментализам кој ги третира жените како сопственост. Како една од неколкуте преостанати плодни жени, Офред (Елизабет Мос) е робинка во куќата на Командантот. Таа е една од жените принудена да биде сексуална робинка во последниот очајнички обид повторно да се насели светот. Во ова ужасно општество, Офред мора да се справува со командантите, нивните сурови сопруги и останатите робинки каде што секој може да биде шпион. А тоа го прави со една цел - да преживее и да ја најде ќерката која ѝ е одземена.

Во четвртата сезона, Џун (Елизабет Мос) го возвраќа ударот во Гилеад како жесток водач на бунтовниците, но ризиците кои ги презема донесуваат неочекувани и опасни предизвици. Нејзината потрага по правда се заканува да ја обземе потполно и да ги уништи нејзините најважните односи кои ги има создадено.

Покрај Елизабет Мос која ја гледаме во главната улога, во серијата настапуваат и: Џозеф Фајнс, Ивон Страховски, Самира Вајли, Алексис Бледел, Ен Дауд, Макс Мингела, Медлин Бруер, О-Т Фагбенл, Аманда Бругел, Бредли Витфорд и Сем Џегер. Извршни продуценти на четвртата сезона на серијата се Брус Милер, Ворен Литфилд, Елизабет Мос, Даниел Вилсон, Френ Сирс, Ерик Тухман, Џон Вебер, Френк Сиракуза, Шејла Хокин, Кира Снајдер и Јалин Ченг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...