Експлозивна филмска акција во Скопје

Оваа сабота, 05.06.2021 година, во Скопје започнува приказната на една нова експлозивна филмска акција. Новата македонска серија насловена како BLACK OPS, со огромна брзина го зголемува интересот кај фановите.



Квалитетната актерска фела, составена од David Mukka, Христијан Тасковски - Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов и многу други, овој викенд премиерно ќе ја внесат јавноста во неизвесниот свет на BLACK OPS, исполнет со уникатна форма на акцијата и драмата како жанрови. Серијата е во продукција на Artistic Film Production, под режисерската палка на Billy D. (Били Дурмишовски).

Поканети се сите заинтересирани да дојдат на платото пред Skopje City Mall - од страната на Trend Caffe, од 19:15 до 22:00 часот, каде што ќе биде приредено вистинско изненадување. Ексклузивната премиера од затворен карактер, на трејлерот на BLACK OPS, ќе се одржи во Cineplexx, со почеток во 20:00 часот.

Black Ops е серија која го следи Вилијам Конор, американски војник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот. Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој започнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мрачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото киднапирано семејство. Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да започне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на злосторствата на Сатар, демнее многу посуптилен и опасен непријател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...